1,3K
Реал Мадрид со пресврт славеше победа од 2-1 и на тој начин барем до утре го одложи славјето во Барселона.
Мајорка прва стигна до водство по само 11 минути игра кога Валиен ја погоди мрежата на Куртоа. Тоа беше и единствениот гол во првото полувреме.
За израмнување се погрижи Килијан Мбапе на 20-тина минути до крајот, а кога изгледаше дека уште вечерва во Каталонија ќе се слави титула на сцена стапи Рамон кој погоди во петтата минута од судиското продолжение.
Барселона сепак се уште е во одлична позиција и со победа утре против Еспањол и математички би ја потврдила 28-та шампионска титула.