Реал Мадрид во 94. минута се спаси од пораз од Севиља (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид прв ја затресе мрежата на противникот, но голот на Бензема во 12. минута беше поништен поради офсајд.

Севиља поведе во 22. минута со гол на Фернандо по асистенција од Ракитиќ.

Во 67. минута Реал Мадрид успеа да израмни на 1-1 со гол на Асенсио, а потоа следуваше интересен момент.

Неколку минути подоцна Милитао играше во сопствениот шеснаесетник со рака, но играта продолжи, дојде до шеснаесетникокт на Севиља во кој беше соборен Бензема. По интервенција на ВАР беше досуден пенал за Севиља. Ракитиќ погоди за водство на Севиља од 2-1.

Водството на гостите траеше се до 94. минута кога Крос шутираше од далечина, Азар го смени правецот на топката и таа заврши во мрежата на Севиља за конечни 2-2.

На три кола до крајот Атлетико Мадрид е прв со 77 бода, Реал Мадрид и Барселона имаат по 75.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×