Реал Мадрид веќе преговара со Мурињо?

by
1 минути читање

Реал Мадрид веќе
стапил во контакт со поранешниот тренер на таа екипа Жозе Мурињо, а
Португалецот се наведува дека е првата опција кај „Кралевите“ за наследник на
Зинедин Зидан на клупата, пренесуваат во Шпанија.

Искусниот португалски
фудбалски стратег подолг период е без ангажман, поточно од декември кога беше
отпуштен од Манчестер јунајтед, а подолг период се поврзува со клупата на Реал
Мадрид.

Столчето на Зидан
е сериозно разнишано по минималниот пораз кај Мајорка изминатиов викенд, а „Ел
Чирингито“ пренесува дека во Реал Мадрид веќе сериозно ја отвориле можноста
Мурињо да се врати на клупата на таа екипа.

Мурињо ги
предводеше „Кралевите“ во периодот од 2010. до 2013. година, а Португалецот зад
своето име запиша 128 победи во 178 натпревари, а освен титулата во Примера во
2012. година, успеа да ја освои и титулата во Копа дел Реј (2011), како и
Суперкупот на Шпанија во истата година.

Подолг период Мурињо
се поврзува со враќање во Реал Мадрид, а се верува дека тој има одлични релации
со претседателот на шпанскиот гигант, Флорентино Перез.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×