Реал Мадрид убедлив против Селта, титулата на дофат (ВИДЕО)

by
2 минути читање

Реал Мадрид
славеше на гостувањето кај Селта со 1-4, на полувремето од мечот гостите имаа
минимална предност од 0-1.

Роналдо со два
гола во серија, најнапред во 10. минута го доведе својот тим во почетно водство
од 0-1, додека по само три минути игра во вториот дел зголеми на 0-2.

Вториот гол
на Португалецот предизвика лавина реакции откако истиот беше постигнат при една
дискутабилна ситуација, снимките говорат дека Роналдо беше во офсајд позиција
кога ја прими топката по асистенцијата на Иско.

Гудети во 69. минута
намали на 1-2, но тоа беше се што направија домаќините. Во продолжението од
мечот Бензема само минута подоцна зголеми на 1-3, додека конечните 1-4 ги
постави Крос на минута пред крајот на регуларните деведесет минути игра.

Со оваа победа
Реал Мадрид го презеде лидерското место во Примера со 90 бодови на едно коло до
крајот, односно три бода предност во однос на својот голем ривал, екипата на
Барселона.

Во последното
коло кое се игра претстојниов викенд, Реал Мадрид гостува кај Малага, додека
Барселона на домашен терен го пречекува Еибар.






Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани