Реал Мадрид триумфално во Билбао (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид освои три бода од гостувањето кај Атлетик Билбао и отиде на плус пет во однос на Барселона.

Резултатот беше отворен по една одлична акција, Роналдо аситираше до Бензема на кого не му беше тешко да даде гол за 1-0.

По 20 минути игра во второто полувреме, Адуриз даде гол за изедначување на 1-1.

Но кратко траеше радоста на домаќините, Каземиро во 68. минута постигна гол за победа на Реал Мадрид од 2-1, Роналдо и овој пат беше асистент.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани