Реал Мадрид тргнува по „забранетото“, сака клучен играч на градскиот ривал

by
1 минути читање

Шпанскиот гигант
Реал Мадрид летово ќе има нов обид да го доведе Давид Де Геа во своите редови,
минатиот обид беше неуспешен поради задоцнетост во предавањето на документите.

Сепак, тимот од
Мадрид има резервна опција во случај повторно да пропадне евентуалниот ангажман
на голманот од тимот на Манчестер Јунајтед.

Како што
пренесуваат шпанските медиуми, „Кралскиот клуб“ планира да направи сензационален,
според многумина „забранет“ трансфер.

Познато е тоа
дека градските ривали Реал и Атлетико имаат устен договор да нема трансфери
помеѓу фудбалери од двата клуба, но „Кралевите“ наводно во словенецот Јан Облак
гледаат решение за голманската позиција, каде има постојано незадоволство од
изданијата на Кејлор Навас.

Реал Мадрид нема да се штеди за 24
годишниот голман, па така е подготвен да издвои фантастични 100 милиони евра за
овој трансфер, онолку колку што изнесува клаузулата во договорот на словенецот со
„Јорганџиите“. 

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани