Реал Мадрид тргнува по Кејн?

by
0 минути читање

Напаѓачот на
Тотнем, Хари Кејн и натаму останува опција за Реал Мадрид, „АС“ информира дека
„Кралевите“ на лето посакуваат да донесат засилување во нападот, а изминатиов
период се поврзуваа со повеќе фудбалери.

Иако се верува
дека напаѓачот на Борусија Дортмунд, Ерлинг Халанд и натаму останува опција, се
додава дека Кејн котира мошне високо на листата на желби кај Зидан, за што
потврдува и „Мундо Депортиво“.

26 годишниот Кејн
и претходно беше поврзуван со можно заминување од редовите на Тотнем, меѓутоа
остана во „Спарси“ каде актуелнава сезона постигна 17 погодоци на 25 настапи.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×