Луѓето во клупската телевизија на Реал Мадрид имаа навистина големи испади за време и по натпреварот во кој критикуваа за црвениот картон на Винисиус Жуниор.
Реал Мадрид во 80. минута остана со играч помалку откако Винисиус го удри нашиот Столе Димитриевски и заработи исклучување. До крајот Реал сепак постигна два гола преку Модриќ и Белингем и ја победи Валенсија со 2:1.
Во клупската телевизија на „кралевите“ исклучувањето на Винисиус го сметаат за удар врз клубот, па дури и побараа веднаш раководството да се повлече од лигата.
„Клубот треба веднаш да се повлече од лигата, првенството е одвратно. Секоја посета на овој стадион носи некаков циркус. Вакви работи му се случуваат само на Реал Мадрид, целиот систем е против нас. Вечерва ја победивме Валенсија и покрај оваа валкана игра, сами против сите“, објави клупската телевизија.