1,1K
Реал Мадрид е заинтересиран за нов дефанзивец налето, а изборот може да падне на Вилијам Салиба од Арсенал.
„Топчиите“ со сигурност нема да сакаат лесно да се откажат од една од своите ѕвезди, па за да ги убедат мора да им стигне многу убедлива понуда. Реал наводно е подготвен да издвои сериозна сума за трансферот, ама и покрај тоа е непознато колку Арсенал би бил отворен за трансфер.
Салиба ја започна кариерата во Сент Етјен, а во 2019 година се пресели во Арсенал. Првите три години ги мина на позајмици во Сент Етјен, Ница и Марсеј, но тогаш почна да добива шанса и блесна во првиот тим. Актуелниот договор на стоперот е валиден до 2027 година.