Реал Мадрид со тешки маки до бод против Бриж, Шахтер со пресврт до победа над Аталанта (ВИДЕО)

by
2 минути читање

На повидок беше
голем шок за Реал Мадрид во дуелот против Бриж на домашен терен, откако белгискиот
претставник со двата гола на Денис имаше предност од дури 0-2 на паузата.

Денис најпрво
погоди во 9. минута, а потоа го дуплираше водството за Бриж во 39. минута за
големо разочарување кај навивачите на „Кралевите“, кои во второто полувреме со
погодоците на Рамос и Кашемиро се врати во игра дури и за победа.

Рамос во 55.
минута намали на 1-2, а резултатот го израмни Кашемиро со погодокот во 85. минута.
За одбележување е тоа што Бриж играше со играч помалку од 84. минута, откако по
вториот жолт картон во рок од шест минути, исклучен беше Вормер.

На другата
пресметка која се играше во идентичен термин како таа во Мадрид, Аталанта
по поразот кај Динамо Загреб со 4-0, вечерва загуби на домашен терен од Шахтер со 1-2.

Домаќинот
најнапред во 16. минута не успеа да поведе откако Иличиќ промаши од белата
точка, па Запата во 28. минута го постигна водечкиот гол за Аталанта.

Израмнување на мечот во Италија донесе Мораеш со голот во 41. минута, а конечните 1-2 во корист на Украинците ги постави Соломон во самиот финиш на мечот.

 

Со почеток од 21
часот стартуваат следните пресметки
:

Црвена звезда –
Олимпијакос

Галатасарј – ПСЖ

Јувентус – Баер Леверкузен

Локомотив Москва –
Атлетико Мадрид

Манчестер  Сити – Динамо Загреб

Тотнем – Баерн Минхен

Можно е и ова да ти се допаѓа

×