Кашемиро беше
последната жртва на серијата грабежи во домовите на одредени фудбалери од
Примера, а Реал Мадрид веќе презеде конкретни мерки за да се избегнат такви
несакани настани во иднина, упатувајќи им посебни совети на своите фудбалери.
„Марка“ пишува
дека Реал Мадрид ги советувал своите фудбалери да избегнуваат да покажуваат на
социјалните мрежи преку фотографии и видеа за тоа што поседуваат во својот дом,
односно нивните приватни работи.
Исто така, од „Кралскиот
клуб“ советуваат и фудбалерите да избегнуваат да објавуваат фотографии од
периодот кога се на приватен одмор, што може да донесе до перфектен тајминг за
организација на грабеж во нивните домови.
За да се избегнат
грабежи во иднина, од Реал Мадрид исто така советуваат и да се зголемат до
максимум безбедносните камери околу домовите на фудбалерите.
Дури 13 фудбалери
од Примера беа жртви на грабеж во своите домови, вклучувајќи ги Карим Бензема,
Лукас Васкез, Марко Асенсио, Иско, Алваро Мората, Жерард Пике, Жорди Алба,
Кевин-Принс Боатенг, Хоакин, Вилијам Карваљо, Езекуел Гарај и Габриел Паулиста,
а во јуни имаше обид и за грабеж во домот на Зинедин Зидан.