Зидан реши дека сега е моментот кога треба да направи измени во тимот иако играше меч во Примера, експериментот му успеа, Реал Мадрид ги освои трите бода.
Во составот ги немаше Куртоа, Азар, Бејл, Бензема, Хамес, Карвахал, Варан…. но Реал Мадрид релативно лесно ја победи Осасуна.
Жуниор Винисиус во првото полувреме и Родриго во второто беа стрелци на головите. Мрежата ја затресе и Јовиќ но му го поништија голот.
Арелоа ја сочува мрежата, за разлика од Куртоа на кого многу ретко му успеваше тоа.
Победа оствари и Атлетико Мадрид кој со 2-0 славеше на гостувањето кај Мајорка, головите ги дадоа Диего Коста и Жоао Феликс.
Валенсија и Хетафе одиграа нерешено со шест голови, 3-3, без победник заврши и мечот меѓу Леганес и Атлетик Билбао 1-1.