Елче го сопна Реал Мадрид, Џуд Белингем со гол во 87. минута ги спаси „кралевите“ од пораз на гостувањето на „Естадио Мануел Мартинез Валеро“.
Се стопи предноста на Реал Мадрид на врвот на табелата, „кралевите“ врзаа два натпревари без победа, па сега имаат само +1 во однос на Барселона, +3 во однос на Виљареал и +4 во однос на Атлетико Мадрид.
Вечерва избраниците на Чаби Алонсо одиграа само 2-2 на гостувањето кај Елче, се спасија од пораз со контроверзен гол.
Елче поведе преку Фебас на стартот на вториот дел, за Хујсен да изедначи на 1-1 во 78. минута.
Родригез ги врати домаќините во предност од 2-1 во 84. минута, но Белингем во 87. минута изедначи на 2-2.
Голот на Англичанецот е спорен откако Винисиус го удри во глава голманот на Елче и му го раскрвари носот, но судијата и ВАР очигледно сметаа дека Бразилецот немал намера.
ФОТО: X/Real Madrid C.F.