Реал Мадрид со два гола од пенал на Мбапе го победи Марсеј со 2-1, изненадување направи Карабах кој ја совлада Бенфика среде Лисабон.
Натпреварот на Бернабеу не почна добро за Реал Мадрид, по само пет минути игра се победи Александер-Арнолд кој мораше да го напушти теренот, а веќе во 22. минута Марсеј со гол на Веа поведе со 1-0.
Реал Мадрид брзо израмни, Мбапе даде гол од пенал седум минути подоцна за 1-1.
Во 72. минута нови проблеми за Реал Мадрид, Карвахал со глава го удри голманот Руљи и доби директен црвен картон, Реал Мадрид остана со фудбалер помалку.
Нешто помалку од десет минути подоцна нов пенал за Реал Мадрид, повторно реализираше Мбапе овојпат за победа од 2-1.
Вреди да се напомене и партијата на голманот Руљи кој имаше дури 13 одбрани на овој натпревар.
Изненадувањето на вечерта го направи Карабах кој со 3-2 славеше на гостувањето кај Бенфика.
Тотнем со 1-0 го совалда Виљареал. Претходно Арсенал со 2-0 беше подобар од Атлетик Билбао, а Ројал Унион со 3-1 го победи ПСВ.
Извешрајот за мечот Јуве и Дортмунд може да го прочитате на овој ЛИНК.