Реал Мадрид секогаш купува играчи кои блескаат на Светските првенства

by
1 минути читање

Една интересна низа на Реал Мадрид која можеби ќе наговести следен трансфер на кралскиот клуб.

Шпанскиот гигант после секое Светско првенство купува играчи кои блескаат на истото. Досега Мундијалите се играат летно време, па играчите кои ги купуваа беа засилувања за летниот преоден рок.

Се верува дека Реал Мадрид и да пикира некој фудбалер од ова Светско првенство, ќе го купи на лето.

По СП во 2002 година, Реал Мадрид го купи бразилскиот Роналдо, во 2006 ги купија Канаваро и Емерсон, во 2010 Озил и Кедира, во 2014 купија дури тројца играчи, Хамес, Крос и Навас, во 2018 двајца Белгијци, Азар и Куртоа.

Од играчите кои играат во добра форма на овој шампионат, Реал Мадрид му има фрлено мерак на Џуд Белингем од Англија, но можно е да тргнат и по други играчи кои се истакнуваат, пример Ришарлисон со оглед на потребата од напаѓач.

Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани