229
Долго време Манчестер јунајтед беше единствениот клуб кој се поврзуваше со Бруно Фернандеш но како доаѓа крајот на преодниот рок се пријавуваат и нови кандидати за неговиот потпис.
Тотнем понуди 60 милиони евра, но Спортинг бара 70. Се верува дека Спарси ќе дојдат и со нова понуда.
Но денеска „Рекорд“ пишува дека во трката се приклучува и Реал Мадрид. Тимот на Зидан игра лошо во подготовките за новата сезона, па Французинот сака да го освежи средниот ред.
Бруно Фернандеш имаше фантастична сезона во Спортинг во која постигна 32 гола во 53 натпревари иако е играч од средниот ред.