179
Реал Мадрид славеше на гостувањето кај Реал Сосиедад со
1-3 во четвртото коло од Примера, а бранителот на трофејот во Шпанија претходно
одигра две ремија во серија, најнапред против Леванте, а потоа и Валенсија, но
тоа остана сега во сенка.
Мадриѓаните со голот на Бејл за потврдување на победата
на „Сан Себастијан“ стигнаа до бројката од 73 погодоци во низа, и со тоа го
израмнија рекордот на Сантош од далечната 1963. година. Инаку серијата на
погодоци започна лани на гостувањето токму против Реал Сосиедад, кога Герет
Бејл донесе минимална победа од 0-1, од тогаш Кралевите не запреа со погодоци.