Реал Мадрид рутински си ја заврши работата кај Леванте! (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид со убедливи 4-1 го победи Леванте и ја продолжи перфектната серија во Ла Лига оваа сезона.

Шесто коло, шеста победа за Реал Мадрид оваа сезона во шпанската лига.

Серијата погодоци ја отвори Винисиус со прекрасен шут во 28. минута од натпреварот.

Десет минути подоцна Мастантуоно даде гол за водство на Реал Мадрид и од 2-0. Ова беше прв погодок на Аргентинецот во дресот на кралскиот клуб.

По девет минути игра во вториот дел Леванте успеа да се врати во мечот, Ета Ејонг намали на 2-1.

Но потоа на сцена стапи Мбапе, во 64. минута погоди од пенал за 3-1, а две минути подоцна даде уште еден гол за конечни 4-1.

Севиља на домашен терен загуби од Виљареал со 2-1, Еспањол и Валенсија одиграа 2-2, немаше победник и на дуелот меѓу Атлетик Билбао и Жирона кој заврши 1-1.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×