Голманот на Реал
Мадрид, Тибо Куртоа, кој е мета на големи критики поради лошата форма, призна
дека посакува повторно да биде соиграч со својот сонародник, Еден Азар, но,
овој пат во редовите на Кралскиот клуб.
Минатиот месец,
плејмејкерот на Челси, во изјава за РМЦ Спорт изјави дека веќе ја донел
конечната одлука околу својата иднина, а многу медиуми веднаш потоа известија
дека неговата одлука е Реал Мадрид.
„Не знам што ќе
се случи во однос на неговата иднина, исто така не знам дали клубот сака да го
ангажира, но, тој е еден од моите најдобри пријатели во фудбалот, сакам да
дојде тука“ рече Куртоа.
„Ние постојано
разговараме, добро се согласуваме и обајцата сакаме да играме голф“ додаде
Белгиецот.
Биди модерен, обложувај се онлајн, играј на BetAdria.com, до 100 ЕУР БОНУС за прв депозит, регистрирај се ТУКА.