Интересно беше на дербито во Мадрид, Реал прокоцка водство од 2-0, а и ВАР беше во центарот на вниманието.
Реал Мадрид поведе уште во 17. минута кога по една убава акција топката од стативата дојде до Бензема кој реализираше за водство од 1-0.
Во финишот од првиот дел ВАР циркус се случуваше на Бернабеу. Судијата му даде црвен картон на Куртоа и покажа пенал за Реал Мадрид, но по консултација со ВАР најде фаул за домашниот тим, па и црвениот и пеналот беа поништени.
Мечот долго време беше со резултатот 1-0, во 79. минута Бензема постигна нов гол за водство на Реал Мадрид од 2-0, тука се чинеше дека го имаме победникот, но не беше така.
Само две минути подоцна голем киксна на одбраната на Реал Мадрид, Мбапе ја искористи ситуацијата и намали на 2-1. Во 83. минута Сарабиа реализираше за израмнување на 2-2.
Со овој резултат ПСЖ ја завери првата позиција на табелата, има пет бода повеќе од Реал Мадрид.
Јувентус со прекрасен гол на Дибала во судиското продолжение од првото полувреме го победи Атлетико Мадрид со 1-0 и на коло пред крајот и тој го завери првото место.
Интересно беше во Лондон каде Тотнем со 4-2 го победи Олимпијакос, Мурињо победи на првиот меч пред домашната публика на тимот од Северен Лондон.
А мечот почна многу лошо за него, со голови на Ел Араби и Семедо, Олимпијакос поведе со 2-0.
Во судиското продолжение од првото полувреме Деле Али успеа да намали на 2-1 и да наговести интересно второ полувреме.
По пет минути игра во вториот дел Кејн изедначи на 2-2, а во 73. минута Орие даде гол за комплетен пресврт и водство од 3-2. Четири минути подоцна Кејн со втор гол на мечот ги постави конечните 4-2.
Баерн Минхен со 6-0 ја торпедираше Црвена звезда. Левандовски постигна четири гола, по еднаш реализираа Горецка и Толисо.
Аталанта со 2-0 го победи Динамо Загреб, Манчестер Сити одигра само 1-1 против Шахтар.
Претходно во денот Галатасарај и Клуб Бриж ремизираа со 1-1, а Баер Леверкузен славеше кај Локомотив во Москва со 2-0.