Реал Мадрид поставил два услови за заминување на Родриго

by bojan
1 минути читање

Родриго не е задоволен од својот статус во Реал Мадрид, но за летоска да го напушти „Бернабеу“ ќе мора јасно да каже дека сака трансфер и да се најде клуб кој ќе плати 100 милиони евра.

Родриго падна во втор план по трансферот на Килијан Мбапе, често се шпекулира дека Бразилецот не сака да биде во сенка на останатите ѕвезди, па летово ќе се обиде да си најде нов клуб.

Реал Мадрид ќе му излезе во пресрет, но Флорентино Перез поставил два услови.

Како прво, Родриго ќе мора јасно да каже дека сака да го напушти „Сантијаго Бернабеу“ и да направи трансфер.

Како второ, ќе треба да се најде клуб кој ќе плати 100 милиони евра за ангажман на напаѓачот.

Се шпекулира дека Ливерпул го мерка Родриго како замена за Луис Диаз, кој се пресели во Баерн Минхен, но „црвените“ во овој момент се фокусираат на ангажман на Александер Исак од Њукасл.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×