571
Реал Мадрид, според
информациите кои пристигнуваат е подготвен да издвои 80 милиони евра за да го
ангажира дефанзивецот од редовите на Париз Сент Жермен.
Се шпекулира дека
претседателот на европскиот и шпански првак, Флорентино Перез дал зелено светло
за овој трансфер, а во Маркињос тимот од Мадрид гледа идеално решение за
одбранбената линија, која е мета на критики во последниов период, исто како и
целиот тим кој не ги остварува амбициите и целите кои се зацртани за сезонава.
Како и да е, вреди да се
издвои дека 23 годишниот Бразилец има важечки договор со францускиот клуб до
2022. година, па така тимот од Париз би имал одлична позиција во преговорите,
доколку дојде до таква ситуација.