Реал Мадрид со 5-2 ја победи Селта во Купот на Шпанија, но дури по продолженија, во регуларниот тек од мечот беше 2-2. Ендрик се истакна со два погодоци.
Натпреварот почна добро за Реал Мадрид, во 37. минута Мбапе го претрча половина терен и постигна гол за водство од 1-0.
По три минути игра во второто полувреме гол даде и Винисиус за зголемена предност од 2-0.
Во 77. минута Реал Мадрид се израдува и на трет гол кој го постигна Арда Ѓулер, но погодокот беше поништен поради офсајд од Винисиус кој беше асистент.
Работите се променија по една грешка на Камавинга, по која Бамба во 83. минута постигна гол и намали на 2-1. Селта се врати во игра.
Во 90. минута Асенсио направи пенал, а Маркос Алонсо го реализираше за 2-2 и се избори за продолженија.
Немаше голови во првото продолженија, но во второто Реал Мадрид даде три погодоци.
Во 108. минута по асистенција на Ѓулер, Ендрик даде гол за водство на Реал Мадрид од 3-2.
Четири минути подоцна Валверде со прекрасен удар од далечина погоди за 4-2.
А во 119. минута Ендрик со пета ја протна меѓу нозе на голманот на Селта за конечни 5-2.