301
Според последните најави, Бразилецот Родриго ќе го напушти Реал Мадрид ова лето, но тоа нема да биде за ниска сума.
Имено, како што пренесува „АС“ сериозен интерес за бразилскиот репрезентативец покажал Ливерпул, но исто така во игра бил и Арсенал.
Реал Мадрид е подготвен да разговара за негова продажба, меѓутоа не сака да го пушти да замине за сума под 100 милиони евра.
Исто така ситуацијата ја следеше и Баерн, меѓутоа германскиот гигант нема намера да плати повеќе од 70 милиони евра, па своето внимание го насочиле кон Луис Дијаз од Ливерпул кој изгледа како поветина опција.