928
По тешкиот пораз од Аргентина, Бразилската фудбалска федерација сериозно размислува за промена на селекторската позиција, а прв кандидат е Карло Анчелоти.
Наводно, брзо по поразот тие му се јавиле на Анчелоти да му кажат дека сакаат тој да им биде селектор.
Италијанскиот стратег е заинтересиран за работата, им рекол дека евентуалното негово доаѓање таму би било по крајот на Светското клупско првенство ова лето.
Но, дали ќе се оствари оваа соработка зависи од Реал Мадрид.
Реал Мадрид има договор со Карло Анчелоти и ако тие сакаат да го испочитуваат до крај Италијанецот ќе остане на кормилото на кралскиот клуб.