Реал Мадрид одлучил кој ќе ја добие 10-ката на Модриќ

by bojan
1 минути читање

Како што пренесува АС, Реал Мадрид го понудил бројот 10 на Килијан Мбапе и напаѓачот прифатил да го облече дресот кој носи голем престиж но и одговорност.

Лука Модриќ летово стави крај на авантурата во белиот дрес на Реал Мадрид и неговото заминување од „Бернабеу“ донесе една дилема – кој ќе ја добие „10-ката“?

Низ медиумите кружеа многу шпекулации но последните информации велат дека одлуката веќе е донесена.

Како што пренесува АС, Реал Мадрид го понудил бројот 10 на Килијан Мбапе и напаѓачот прифатил да го облече дресот кој носи голем престиж но и одговорност.

Арда Ѓулер и Џуд Белингем биле други опции, но само во случај доколку Килијан Мбапе ја одбие понудата.

Сега се кројат планови со Адидас за начинот на кој ќе се направи промоцијата, се очекува огромна побарувачка и продажба на неколку стотици илјади дресови.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×