„Кралевите“ одбиле богата понуда од Манчестер јунајтед за трансфер на Орелиан Чуамени, на маса биле ставени 90 милиони евра.
„Ѓаволите“ ова лето ќе прават мала реконструкција на тимот, веќе пристигна Матеуш Куња од Вулверхемтпн, а во завршна фаза се и преговорите со Брентфорд за ангажман на Брајан Мбеумо.
Медиумите од Шпанија известуваат дека Манчестер јунајтед тропнал и на вратата на Реал Мадрид со богата понуда.
Клубот од Олд Трафорд понудил 90 милиони евра за ангажман на Орелиан Чуамени, но веднаш добиле НЕ.
Чаби Алонсо го обожава Французинот, импресиониран е од неговото залагање на средината од теренот и верува дека може да го направи уште подобар, па затоа бил одбиен предлогот на Манчестер јунајтед.
ФОТО: X/Real Madrid C.F.
