Реал Мадрид новиот „диригент“ во средниот ред го гледа во редовите на европскиот првак!

by 24 фудбал
1 минути читање

Реал Мадрид остана без Тони Крос и Лука Модриќ, двајцата најголеми мајстори во средниот ред во последната деценија, па челниците на клубот интензивно работат на пронаоѓање на нов „диригент“ за центарот на теренот.

Според информациите од Шпанија, изборот паднал на Витиња од редовите на ПСЖ, фудбалер кој минатата сезона беше во одлична форма и одигра клучна улога во тројната круна на тимот од Париз.

Реал се надеваше дека ќе го донесе Родри, но откако Манчестер Сити не сакаше да преговара, фокусот е префрлен на 25-годишниот плејмејкер од Португалија.

Мисијата нема да биде лесна, бидејќи Витиња е важен дел од проектот на Луис Енрике, а ПСЖ нема намера да го пушти за помалку од 130 милиони евра. Ако трансферот се реализира, Витиња ќе стане најскапото засилување во историјата на Реал, надминувајќи го Џуд Белингам кој лани пристигна за 127 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×