Според пишувањата на АС, Реал Мадрид нема да го врати Серхио Рамос по тешката повреда на Едер Милитао, „кралевите“ сепак планираат во јануари да ангажираат нов дефанзивец и на ум имаат три имиња.
Едер Милитао ги повреди лигаментите на коленото во саботата, сезоната за Бразилецот е завршена, па Реал Мадрид ќе мора да реагира и да ја покрие дупката која настана во последната линија.
Легендарниот Гути веднаш предложи „кралевите“ да го вратат Серхио Рамос, кој е слободен играч и бара клуб.
Самиот Серхио Рамос потоа лајкна пост кој говореше за негово враќање на „Сантијаго Бернабеу“, но како што пренесува АС, една ваква зделка нема да се случи.
Весникот пишува дека раководството на Реал донело две одлуки, првата е дека Серхио Рамос нема да биде вратен, а втората е дека мора да биде купен нов дефанзивец.
АС додава дека „кралевите“ на ум имаат три имиња, односно план А, план Б и план Ц. Првото има на списокот е Ајмерик Лапорт од Ал Наср, кој сака да ја напушти Саудиска Арабија и да се врати во Европа.
Второто име е Кастељо Лукеба од РБ Лајпциг, кој неодамна стави потпис на нов договор до 2029 година и неговата клаузула следното лето ќе изнесува 90 милиони евра.
Последниот играч во бележникот е Џонатан Та од Баер Леверкузен, кој и одработува последните месеци од договорот и нема намера да стави потпис на нова соработка.