Реал Мадрид најави жалба по најавата дека Барселона ќе игра натпревар од Ла Лига во САД!

by 24 фудбал
0 минути читање

Реал Мадрид официјално потврди дека ќе се обрати до УЕФА, ФИФА и Високиот спортски совет на Шпанија со цел да го спречи одигрувањето на натпреварот Виљареал – Барселона во Мајами.

„Кралевите“ не се согласуваат дел од шпанското првенство да се игра надвор од земјата и ќе побараат институциите да реагираат за овој меч да се одигра на шпанско тло.

Одлуката за одигрување на натпревар во САД предизвика големи реакции во Ла Лига, а Реал Мадрид е првиот клуб кој јавно најави конкретни правни чекори за да го стопира планот.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×