Реал Мадрид на „тест“: За Ѓулер пристигнува понуда од Премиер лигата?

by Стефан
1 минути читање

Според последните информации од Лондон екипата на Арсенал е подготвена да испрати понуда од 30 милиони евра за услугите на 20-годишниот турски фудбналер од Реал Мадрид, Арда Ѓулер.

Талентираниот Ѓулер не добива преголема минутажа во големата конкуренција во Мадрид и почесто е на клупата за резерви. Во шпанското првенство во просек добива по 35 минути, додека во Лигата на шампионите е на 20 минути.

Анчелоти најчесто го користи во Копа дел Реј каде што игра во стартниот состав и зад своето име во ова натпреварување има два гола и три асистенции.

Ѓулер ја помина младинската школа на Фенербахче и во Реал Мадрид пристигн во 2023 година како 18 годишник за сума од 20 милиони евра. Неговиот договор со „кралевите“ е со важност до 2029 година.

За турската репрезентација Ѓулер настапи на 19 натпревари во кои постигна четири гола и подели три асистенции.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани