Реал Мадрид може да биде сериозно ослабен во дербито со Баерн!

by Стефан
1 минути читање

Лоши пристигнаа за навивачите на Реал Мадрид, Тибо Куртоа е под знак прашаланик за големото дерби со Баерн во Лигата на шампионите.

Белгискиот чувар на мрежата беше заменет на полувремето од дуелот со Манчестер Сити, откако почувствувал болка во мускулот. Од клубот информираа дека станува збор за повреда на предниот дел од десниот квадрицепс, што значи дека ќе паузира неколку недели.

Според шпанските медиуми, постои реална можност Куртоа да ги пропушти двата натпревари со Баерн, а дел од прогнозите одат и чекор подалеку и најавуваа негово враќање дури во мај.

Во спротивниот табор, ситуацијата е далеку подобра. Искусниот Мануел Нојер веќе се врати на тренинзите и се очекува да биде подготвен за пресметките со мадридскиот тим.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×