Реал Мадрид лошо помина во Севиља, Куртоа три пати ја вадеше топката од мрежата! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Реал Мадрид мечот го почна по пораз на Барселона од Леганес, кралевите знаеа дека со реми ќе избијат сами на чело на табелата, но не само што не успеаа да дојдат и до нерешено, туку дома се враќаат со полна мрежа.

Сите три гола беа постигнати во првото полувреме од натпреварот. Андре Силва ги реализираше првите два, еднаш погоди Бен Једер.

Во вториот дел Реал Мадрид се обидуваше да се врати, Модриќ даде и гол, но тој му беше поништен поради офсајд со помош на ВАР технологијата.

Барселона и Реал Мадрид се највисоко на табелата со по 13 бода, ако Алавес утре го победи Гетафе ќе се изедначи со шпанските гиганти. Во моментов на третото место е Атлетико Мадрид со 11 бода, Севиља има десет.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×