Реал Мадрид крои планови за Обамејанг, Хамес би можел да биде „мамец“

by
1 минути читање

Во Реал Мадрид
размислуваат да го понудат Хамес Родригез на Арсенал, но, во замена за
напаѓачот, а воедно и капитен на тој состав, Пјер-Емерик Обамејанг, известува
шпански „Ел Десмарк“.

Извесен период се
шпекулира дека Обамејанг не е среќен во тимот на Арсенал, меѓутоа не се
исклучува тоа да се промени по отказот на Унаи Емери, воедно се верува дека
Габонецот би сакал да си замине од Лондон доколку клубот не успее да се пласира
во Лигата на шампионите идната сезона.

Барселона од
поодамна се споменува како еден од кандидатите за потписот на Обамејанг,
интерес има и од Реал Мадрид, па така „Кралевите“ сега размислуваат за опцијата
со која би се ослободиле од Хамес, а за возврат би го добиле напаѓачот.

Родригез во
новата сезона забележа девет настапи за Реал Мадрид, а беше стартер на само пет
од истите, постигнувајќи по еден погодок и асистенција.

Од друга страна
пак, Обамејанг е вистински предводник за „Топчиите“ оваа сезона, досега
постигна десет погодоци на 16 настапи за тимот од Северен Лондон кој има очајни
резултати кои резултираа со отказ за тренерот Емери.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×