Реал Мадрид ќе ги продолжи договорите со тројца свои фудбалери

by
1 минути читање

Актуелните договори на Карвахал и Марсело траат до 2020 година, но и покрај тоа Реал Мадрид сака да ја продолжи соработката за уште две дополнителни години.

„АС“ пишува дека тие наскоро ќе стават потписи на нови договори со траење до 2022 година.

Карвахал и Марсело нема да бидат единствените кои ќе стават потпис на нов договор, клубот на лето ќе ја продолжи соработката и со Карим Бензема.

Актуелниот договор на Бензема истекува во 2019 година, и тој ќе продолжи до 2022.

Бензема е миленик на Зинедин Зидан и претседателот Флорентино Перез кој неодамна изјави: „Ако се прашувам јас, би сакал тој да остане тука до крајот на кариерата“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани