Реал Мадрид ја почна мисијата за ангажман на Мбапе

by
1 минути читање

Реал Мадрид и конкретно тргнал во лов на можеби најдобриот млад играч во светот во моментов, напаѓачот на Монако, Килијан Мбапе.

„Марка“ пишува дека Зинедин Зидан веќе четири години го прати развојот на Мбапе и Реал Мадрид ќе се обиде да го донесе на Бернабеу во летниот преоден рок.

Интерес за Мбапе има и од Премиерлигата, се споменуваат Арсенал, Манчестер Сити и Манчестер јунајтед, но фудбалерот бил фан на Реал Мадрид а негов идол е Кристијано Роналдо, па може и тоа да влијае при изборот на неговиот иден клуб.

За Реал поодлучно да тргне по потписот на Мбапе влијаеле и двата негови гола против Борусија Дортмунд кои биле доказ дека играчот е врвен и на големи натпревари.

Монако уште не одлучил како ќе одговори на „нападот“ на Реал Мадрид, но според медиумите цената која ќе треба да ја плати шпанскиот клуб е околу 100 милиони евра.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани