Реал Мадрид ја плаќа откупната клаузула и краде талент на Атлетико Мадрид

by
1 минути читање

19 годишниот лев
бек оваа сезона игра на позајмица во Алавес, прикажува одлични партии па го
привлече вниманието на неколку клубови.

Денешното издание
на Марка вели дека играчот кариерата ќе ја продолжи на Сантијаго Бернабеу.

Весникот пренесува дека Реал Мадрид ќе го „украде“ Тео Ернандез од градскиот
ривал Атлетико Мадрид, односно ќе ја плати откупната клаузула од 24 милиони
евра со што „Колчонероси“ нема да можат да сторат ништо.

Извештајот вели
дека „Кралевите“ веќе се договориле со Французинот, кој ќе добие шест годишен
договор.

Со еден ваков
потег, Реал Мадрид ќе го прекрши „џентлменскиот договор“ со Атлетико Мадрид
според кој дваа клуба не смеат да си купуваат фудбалери еден од друг.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани