562
Речиси цело лето траеше трансфер сагата на Родриго, дали Бразилецот ќе замине и во кој клуб или можеби ќе остане на Сантијаго Бернабеу, веќе нема дилеми, Реал Мадрид ја донесе одлуката.
„АС“ тврди дека Родриго останува во Реал Мадрид, тоа е конечната одлука на клубот.
Родриго беше стартер против Овиедо и се покажа во одлично издание, па веројатно по тој негов меч е решено Бразилецот да остане.
Поради широчината на тимот, Родриго нема да може секогаш да биде стартер, но Чаби Алонсо планира да ги ротира играчите.