Реал Мадрид ја доби градската битка и се пласира во финалето од Лигата на шампионите! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Вечерашното градско дерби го доби Атлетико Мадрид, но Реал е тој кој се радува вечерва бидејќи ја одбрани предноста од првиот натпревар.

А мечот започна многу интересно, уште во 12. минута Нигуез постигна гол за водство на Атлетико од 1-0.

Само три минути подоцна пенал за Атлетико Мадрид од кој реализираше Гризман за водство и од 2-0, во тие моменти се чинеше дека чудото и не е толку далеку.

Но, во 42. минута Иско го замолкна Висенте Калдерон, постигна гол кој го реши натпреварот и му донесе на Реал Мадрид сигурно финале.

Во второто полувреме и двете екипи имаа свои шанси, но мрежите мируваа до крајот.

За шампионскиот пехар во Лигата на шампионите Реал Мадрид ќе се бори со Јувентус кој синоќа го елиминираше Монако.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани