Реал Мадрид излезе со соопштение по повод срцевиот удар на Икер Касиљас

by
1 минути читање

Врз Касиљас веднаш бил направен хирушки зафат по што тој се наоаѓа вон животна опасност.

Пораки со желби за брзо опоравување пристигнуваат од сите страни, а со соопштение се огласи и неговите поранешн клуб Реал Мадрид каде што тој е вистинска легенда.

„Реал Мадрид сака да ja пренесе целата своја поддршка за својот сакан капитен Икер Касиљас.

Икер Касиљас во текот на својата професионална кариера нè научи како да ги надминеме најневеројатните предизвици за да дојдеме до славата на нашиот клуб. Тој нè научи дека откажувањето не е опција во нашата филозофија на живеење и безброј пати ни покажа дека колку си посилен толку е потежок предизвикот, тоа е начинот да се дојде до победата.

Реал Мадрид сака да го види својот вечен капитен што поскоро и му ја испраќа сета храброст во светот“, стои во соопштението на Реал Мадрид.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×