„Реал Мадрид има непредвидливи моменти за кои не можеш да се подготвиш“

by riste
1 минути читање

Во вторник почнуваат четвртфиналните натпревари во Лигата на шампионите, тој ден Арсенал ќе го пречека Реал Мадрид во првата пресметка.

Иако имаат и домашни обврски, погледите на двата табора веќе се кон тој меч.

„Реал Мадрид ја имаа таа емоција. Има работи кои можете да ги предвидите, но исто така има и работи кои не можат да бидат предвидени во нивното креирање на шанси. Не можете да тренирате за тоа, не можете да го планирате тоа, се обидувате да го сопрете тоа, но е дел од тоа што ги прави она што се и што ги прави толку големи“, рече тренерот на Арсенал, Микел Артета.

„Возбудени сме сите поради тоа што ќе играме со Реал Мадрид бидејќи тие се кралевите на ова натпреварување историски гледано. Имаме ривал кој ќе го извади најдоброто од нас во најдоброто европско натпреварување“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани