Елиминација од Арсенал во Лигата на шампионите веројатно ќе му пресуди на Карло Анчелоти, а Реал Мадрид може да изненади со новиот тренер и да го ангажира Јирген Клоп.
Се почесто се говори дека Флорентино Перез го губи трпението со Карло Анчелоти, и доколку Реал Мадрид биде елиминиран од Арсенал во Лигата на шампионите, италијанскиот стратег ќе добие отказ.
Чаби Алонсо подолго време се најавува како нов тренер на „кралевите“, но неколку извори пренесуваат дека Флорентино Перез и Реал Мадрид можат да изненадат со наследникот на Карло АНчелоти.
Последните информации велат дека Јирген Клоп е опција за жешкото столче, Германецот ги исполнува критериумите кои се бараат – искуство, лидерство и офанзивен стил на игра кој се вклопува со идентитетот на клубот.
Јирген Клоп минатото лето го напушти Ливерпул со желба да направи пауза и да се одмори, но веќе на почетокот од годинава најде нов ангажман како глобален директор на Ред Бул за фудбал.