Реал Мадрид и Флорентино Перез пресекле, нема да има нови засилувања до крајот на летниот преоден рок, Чаби Алонсо ќе мора да донесе успех со фудбалерите кои веќе ги има на располагање.
„Кралевите“ на почетокот од летото ги ангажираа Дин Хујсен, Трент Александер Арнолд и Франко Мастантуоно, а кроењето на тимот за сезоната 2025/26 го продолжија со Алваро Карерас.
Чаби Алонсо смета дека се потребни уште засилувања, приоритет е нов фудбалер од средниот ред, а по можност и нов централен дефанзивец и нов напаѓач.
Но како што пренесува Кадена КОПЕ, во Реал Мадрид донеле финална одлука, Флорентино Перез и неговите соработници решиле дека ќе нема нови трансфери.
Тие сметаат дека оваа група е повеќе од доволна за да се борат за сите титули во новата сезона, па Чаби Алонсо ќе треба да донесе успех со фудбалерите кои веќе ги има на располагање.