Реал Мадрид и Барселона му се приклучија на Баерн Минхен во интересот за Сане

by
1 минути читање

Реал Мадрид и
Барселона им се приклучија на Баерн Минхен во трката за потписот на фудбалерот
на Манчестер Сити, Лерој Сане, чиј договор со англискиот првак истекува идното
лето, меѓутоа нема никакви сигнали дека соработката би продолжила.

„Билд“ наведува дека
триото гиганти се сериозни во намерата да го ангажираат Германецот, а од
поодамна е познат интересот на Баерн Минхен, меѓутоа извесно е дека на лето и
дефинитивно 24 годишниот офанзивец ќе си замине од Манчестер.

Според
информациите, се верува дека шефот на стручниот штаб на Реал Мадрид, Зинедин
Зидан побарал од првиот човек на клубот, Флорентино Перез, да клубот активно ја
мониторира ситуацијата со Германецот.

„Кикер“ во
меѓувреме извести дека Баерн Минхен го зацврстува својот интерес за Сане, а
истовремено посочи дека спортскиот директор на германскиот првак, Хасан
Салихамиџиќ и натаму е во преговори со претставниците на Сане.

Поради повреда од
посериозен карантер, Сане не беше во можност да биде во комбинација за настап
кај Пеп Гвардиола, а во своите вкупно 134 настапи за Манчестер Сити успеа да
постигне 39 погодоци откако направи трансфер од Шалке 04 во 2016. година.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×