Реал Мадрид го уништи Монако, Наполи со играч повеќе не го победи Копенхаген (ВИДЕО)

by riste
1 минути читање

Реал Мадрид одигра фантастична партија во Лигата на шампионите и го победи Монако со 6-1, Наполи одигра само 1-1 на гостувањето кај Копенхаген иако имаше водство и фудбалер повеќе.

По поразот од Албасете во Купот на Шпанија, Арбелоа врза две победи како тренер на Реал Мадрид, а посебно импресивна беше денешната.

Мбапе даде два гола во првото полувреме за водство од 2-0 во Реал Мадрид, а кралскиот клуб продолжи да полни и во вториот дел.

По шест минути игра во второто полувреме Мастантуоно зголеми на 3-0, а потоа Кехрер си постигна автогол за 4-0.

Во 63. минута Винисиус постигна прекрасен гол за 5-0, Тезе намали на 5-1, а конечните 6-1 ги постави Белингем на десет минути пред крајот.

Елиф Елмас беше стартер за Наполи и одигра 80 минути, но неговиот Наполи не успеа да задржи предност со фудбалер повеќе.

Копенхаген уште во 35. минута заработи црвен картон, беше исклучен Делени, а четири минути подоцна по асистенција од Елмас од корнер, Мектоминеј даде гол за водство на Наполи од 1-0.

Тој резултат беше актуелен до 71. минута кога Ларсон од пенал кој прво го промаши, даде гол и израмни на 1-1 што беше и конечен резултат.

Актуелниот шампион ПСЖ беше поразен на гостувањето кај Спортинг со 2-1.

Непријатен пораз доживеа Виљареал пред своите гледачи каде што загуби од Ајакс со 2-1.

Тотнем со 2-0 ја совлада Борусија Дортмунд, а со истиот резултат Олимпијакос беше подобар од Баер Леверкузен.

Видео наскоро…

Можно е и ова да ти се допаѓа

×