Реал Мадрид го пушти да замине пред три години, а сега од него може да заработи 30 милиони евра

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид летово во финишот од преодниот рок би можел да добие неочекувана финансиска инјекција и тоа од фудбалер кој си замина пред три години.

Според шпанските медиуми, Атлетико Мадрид сериозно се интересира за услугите на јапонскиот репрезентативец Такефуша Кубо, член на Реал Сосиедад. „Јорганџиите“ планираат да ја активираат откупната клаузула во неговиот договор вредна 60 милиони евра, од кои половина би завршиле во касата на големиот градски ривал.

„Кралевите“ во 2022 година го продадоа Кубо на Сосиедад за 5,6 милиони евра, но задржаа право на 50% од сумата при неговиот следен трансфер.

Кубо, кој има само 24 години, е врзан со клубот од Сан Себастијан до 2029 година. Минатата оствари учинок од седум погодоци и четири асистенции на 52 настапи.

Фото: Real Sociedad Fútbol/X

Можно е и ова да ти се допаѓа

×