Реал Мадрид го промени името на стадионот!

by Стефан
1 минути читање

Реал Мадрид направи уште еден важен чеко во користењето на маркетингот и легендарниот стадион „Сантијаго Бернабеу“ отсега ќе се вика само „Бернабеу“.

Одлуката беше најавена уште минатата година, а клубот ја официјализира токму пред големиот НФЛ спектакл што викендов ќе се одржи во Мадрид. Новото име „Бернабеу“ ќе го добие своето официјално деби во недела, кога на овој стадион ќе се одигра првиот натпревар во историјата од НФЛ лигата, меѓу Вашингтон Командерс и Мајами Делфинс.

Но, тоа не е единствената промена што ја подготвува клубот до крајот на годината. Претседателот Флорентино Перез најави и реформа на моделот на сопственост на Реал Мадрид, а предлогот за измените ќе им биде презентиран на членовите на клубот на следната седница на Собранието.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×