144
Реал Мадрид го купи Милитао од Порто за сума од околу 50 милиони евра. Тој стави потпис на договор со шпанскиот гигант до 30 јуни 2025 година.
„Среќни сме што можеме да му кажеме добредојде на еден од најдобрите дефанзивци во светот на фудбалот. Човекот кој штотуку ја освои Копа Америка со националниот тим“, вeли претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
Милитао вели дека уште од дете посакувал да заигра за Реал Мадрид.
„Многу сум среќен што ќе играм во најголемиот клуб во светот. Од дете сакав да играм тука и сакам да се заблагодарам на претседателот и сите мадридисти за нивната верба, можете да бидете сигурно дека ќе дадам се за овој дрес“, вели Милитао.