Денеска на програмата е четвртото коло од Лигата на шампионите, а дуелот меѓу Реал Мадрид и Милан на Сантијаго Бернабеу буди најголем интерес.
Реал Мадрид во овој натпревар ќе влезе по дебаклот од Барселона и тоа на свој терен го загуби со 4-0.
Тимот на Анчелоти имаше доволно време за подготовки со оглед на тоа што нивниот меч од претходното коло во Ла Лига против Валенсија беше одложен.
Вечерва ќе се види дали Реал Мадрид ќе го истури бесот врз Милан или поразот од Барселона го разнишал кралот па ќе видиме уште еден кикс.
Росонерите се надеваат на второто. Од Италија има најава дека Рафаел Леао се враќа во стартниот тим, а тоа ќе биде дополнителна мотивација за него да му покаже на Фонсека дека заслужува да ги почнува натпреварите.
Интересен ќе биде и дуелот меѓу Ливерпул и Баер Леверкузен. Чаби Алонсо против својот поранешен клуб.
Во Лисабон Рубен Аморим ќе го води Спортинг против Манчестер Сити, клубот кој допрва ќе биде негов голем гратски ривал.
Миовски со Жирона му гостува на ПСВ во Ајндховен, а Динамо Загреб на Ристовски и Адеми ќе игра во Слован Братислава. Овие два меча се играат од 18:45 часот.
Од 21 часот, како и кога се играат сите преостанати меча, Лајпциг на Елиф Елмас му гостува на Селтик.
Денешните натпревари од ЛШ:
ПСВ – Жирона
Слован Братислава – Динамо Загреб
Болоња – Монако
Борусија Дортмунд – Штурм
Селтик – Лајпциг
Лил – Јувентус
Ливерпул – Баер Леверкузен
Реал Мадрид – Милан
Спортинг – Манчестер Сити