Реал Мадрид го победи Челси на мечот кој го судеше Стојчевски!

by riste
0 минути читање

Реал Мадрид се пласираше во четвртфиналето на младинската Лига на шампиони откако го совлада Челси со 1-0, а мечот го судеше македонска судиска тројка.

Фудбалерите на кралскиот клуб до 19 години, за еден гол беа подобро од врсниците од Лондон и се пласираа во следното елиминациско коло.

Овој натпревар го судеа македонски судии на чело со Игор Стојчевски како главен судија. Помошници му беа Вјолца Изеири и Филип Ицковски.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×